„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд.
Македонскиот бренд за колачиња и десерти „Sunday“, со возбуда го објави лансирањето на својата нова кампања, „100% Заљубени во Sunday“, која ќе ги израдува љубителите на колачиња.
Кампањата е дизајнирана да донесе момент на сласт и среќа на секој потрошувач, истакнувајќи ги неодоливите вкусови и пријатното чувство на споделување колаче со саканите. Почнувајќи од денеска, никој нема да одолее на новата кампања „100% Заљубени во Sunday“, колачиња кои го претвораат секој момент во момент исполнет со топлина и поврзаност, радоста на споделување и уживање, сето тоа завиткано во 100% љубов.
- „Sunday“ е сладок начин да се каже „Те сакам“, а најлесниот и најјасниот начин да се искаже љубов е преку песна! Концептот на кампањата е инспириран од песната 100% те љубам. Песната е основата околу која ја градиме приказната за љубовта. Имаме за цел да ги зближиме луѓето, да ги потсетиме на среќата што доаѓа од едноставното, но совршено задоволство, секако и да им го стоплиме срцето за време на претстојните празнични денови“- сподели маркетинг тимот на брендот „Sunday“.
За да ја започне кампањата Македонскиот бренд, со дегустации низ поголемите маркети во земјата, во текот на месец ноември и декември, ги покани потрошувачите лично да ја искусат магијата на различните вкусови како: гурабија, ванилица со џем, повеќе видови на баклава, тулумба, традиционални и нови вкусови на парени колачиња.
100% Заљубени во Sunday!