social image

Општествена одговорност

Ориентираност кон луѓе

Високо го вреднуваме задоволството на нашите вработени

Општествена одговорност

Се грижиме и придонесуваме за подобро општество

Нашата Околина

 

Во прекрасна природа со чист воздух се произведуваат автентичните Сандеј колачиња и десерти. Како семеен бизнис кој постои веќе 20 години, Сандеј останува посветен и верен на своите корени во живописното Колешино, лоцирано во подножјето на планината Беласица, грижејќи се за храната која ја произведуваме, благостостојбата на локалната работна сила и работната околина.
 

Како еден од најголемите работодавачи во регионот, Сандеј развива општествена одговорност и соработка со локалната заедница. Луѓето се во центарот на нашата деловна активност и целиме кон постојан развој на силни општествени и еколошки активности и политики.

Соларни панели

 

Како дел од тековната посветеност на компанијата за подобрување на животната средина, Колид С Тим неодамна инсталираше соларни панели на покривот на фабриката. Тие во моментов произведуваат чиста, зелена обновлива енергија за околината.
 

 

Гасификација

 

Во насока на одржливо работење, производствените погони на Sunday се комплетно гасифицирани, со што влијанието врз животната средина во подножјето на планината Беласица успева да биде сведено на минимум.
 

Сертификати

 

Сертифицирани со EcoVadis кој е глобално призната платформа за одржливоста на бизнисите врз основа на четири клучни категории: влијание врз животната средина, работна сила и стандарди за човекови права, етика и практики за набавки.