За Нас
Почувствувајте го вкусот на традиционалните домашни рецепти,
Нашата

Во прекрасна природа со чист и свеж воздух се произведуваат автентичните Сандеј колачиња и десерти
Како семеен бизнис кој постои веќе 20 години, Сандеј останува посветен и верен на своите корени во живописното Колешино, лоцирано во подножјето на планината Беласица, грижејќи се за храната која ја произведуваме, благостостојбата на локалната работна сила и работната околина.
Како еден од најголемите работодавачи во регионот, Сандеј развива општествена одговорност и соработка со локалната заедница. Луѓето се во центарот на нашата деловна активност и целиме кон постојан развој на силни општествени и еколошки активности и политики.
